
Лазаров го избра составот за денешниот натпревар со Естонија, Томовски се враќа на голот
Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот во Талин го игра претпоследниот и исклучително важен натпревар од квалификациите за Европското првенство, а селекторот Кире Лазаров го објави списокот на ракометари кои ќе настапат против Естонија.
Препорачано
Со оглед на ситуацијата на табелата, Македонија нема простор за грешка, мора да се победи Естонија, а потоа и Литванија (со поголема разлика од три гола), за да се задржи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
Во пресрет на клучниот дуел, Лазаров реши да го врати искусниот Мартин Томовски, кој повторно ќе застане меѓу стативите заедно со стандардниот Никола Митревски.
Позитивна новост е и деби настапот за младиот Мартин Ивановски, кој со одличните настапи во дресот на РК Алкалоид си го заслужи првиот повик во сениорската селекција.
Селекцијата е подготвена за борба, а вечерва ќе биде првиот од двата последни испити кои мора да се положат – сè со цел Македонија и следната година да биде дел од европската ракометна елита.

Македонија денеска игра во Талин за продолжување на патот кон ново Европско првенство
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5