epa08954583 Mayelin Mejias works at the Finlay Institute's Vaccine Packaging and Aseptic Processing Plant in Havana, Cuba, 20 January 2021. Cuba expects to produce 100 million doses of its SOberana II Covid-19 vaccine. EPA-EFE/YAMIL LAGE / POOL

Куба со план годинава да произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирусот

 Куба се надева дека годинава ќе произведе 100 милиони дози од својата вакцина за коронавирус и ќе ја вакцинира целата популација, најави директорот на институтот Финлеј, што управува со два од четирите проекти за вакцини во рамките на клиничките испитувања.

-Имаме капацитет да произведеме 100 милиони дози „Соберане 2″, што е најнапредниот кандидат за кубанската вакцина, изјави Висенте Верес синоќа, додавајќи дека „фазата на производство” е веќе започната.

– И ако се оди како што треба, целото население на Куба ќе биде вакцинирано оваа година.

Во понеделникот, „Собарана 2″ влезе во фаза 2 од испитување врз 900 волонтери. Ако успее,  ќе влезе во „Фаза III” во март, последна пред одобрувањето, со 150.000 волонтери. Институтот Финлеј неодамна потпиша договор со Институтот Пастер во Иран дека земјата учествува и во „Фаза III”.

Втората кубанска вакцина „Соберана 1″, која сега е во „фаза 1″, треба да оди во „фаза 2-3″ во февруари и исто така ќе биде тестирана на луѓе кои се опоравуваат од болеста, рече Верес.

– Во феврyари ќе почнеме клиничко испитување на педијатриската популација, така што вакцината може да се примени и на деца, рече тој.

Целта е да се почне општа вакцинација на Кубанците во првата половина на годината. Вакцината ќе биде бесплатна, но не и задолжителна. Исто така, ќе им биде понудена како „опција” на туристите кои го посетуваат островот, рече Верес.

Вкупно се подготвуваат четири кандидати за вакцини: „Соберана 1 и 2″, „Абдала” и „Мамбиса”, сите во фаза на клинички испитувања (фаза I или II). Првите три се даваат со инекција, четвртата е спреј за нос

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот