Фото: Архива

Кривични пријави против двајца поранешни директори на Фондот за иновации

Против двајца поранешни директори на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили и Коста Петров, се поднесени кривични пријави, објави „МКД.мк“, Во првиот случај, се работи за проект наречен „Грин Хојо“, кофинансиран од Фондот, кој бил за собирање податоци преку IoT-уреди за да се искористи решението за паметен дом за да се направи енергетски поефикасна канцеларија/куќа/стан.

Постои основано сомневање дека Фондот е оштетен за 4.000.000 денари, затоа што е сторена „злоупотреба на службена положба“ од поранешниот директор Халили. Иако корисникот не ги испочитувал обврските од договорот и правилникот, директорот Халили не го раскинал договорот, а исплатите се етапно завршени. За фирмата „Хојо тек“ и одговорното лице Дашмир Истрефи има сомневање за сторено казнено дело „измама“.

Од ревизијата на работата на ФИТР произлегла уште една кривична пријава, исто така против поранешен директор на Фондот – Коста Петров. Во овој случај се работи за проект на „Фротирка“ од Делчево финансиран од ФИТР, кој не бил завршен, а бил исплатен, при што Петров наводно не реагирал соодветно.

Раководните лица биле предупредени од ревизорската куќа „Грант Торнтон“ дека „Фротирка“ не постапува согласно договорните услови, односно не доставила извештаи до ФИТР. Ревизорите подоцна биле и во посета на делчевската фабрика и констатирале дека извршниот директор ја одлагал посетата. Потоа било утврдено дека „Фротирка“ требало да набави шест нови машини, а во моментот на теренската посета, набавена била само една, пишува „МКД.мк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот