Криумчари со „ауди“ направиле судар во струмичко, тројца повредени во удреното возило, мигрантите побегнале

Мигранти/ Фото: МИА

Вчера, во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од село Пиперово, струмичко.

По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот