Криумчар фатен со седуммина Сиријци кај Костурино

Полицијата вчера привела 30-годишен криумчар на мигранти кој кај селото Костурино бил фатен со седуммина Сиријци.

„На 15.01.2024 околу 19.40 часот во с.Костурино, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода И.М.(30) од с.Градошорци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. Имено, околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано „Валандовско брдо”, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв”, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв” со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија“, информираат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот