
Криглата за пиво на Исак Њутн ќе биде изложена во Кралското друштво во Лондон
Чашата за пиво на научникот Исак Њутн ќе биде јавно изложена за прв пат по 160 години, во Кралското друштво во Лондон. Дрвената чаша ќе биде дел од изложбата што ќе се отвори на 4 март, а ќе има изложено и други предмети од Њутн, вклучувајќи го и неговото најпознато дело „Математички принципи на природната филозофија“ и маската што ја носел по неговата смрт, подготвена да се користи како модел за правење статуи, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Изложбата е резултат на 20-годишно истражување на научникот Кармил Валас и историчарот Стивен Снобелен, кои ја реконструирале историјата на чашата за пиво користејќи писма, генеалошки записи, семејни тестаменти, списанија, весници и песни.
Њутн му ја дал чапата на својот цимер и повремен лабораториски асистент Џон Викинс, кој живеел со него 20 години. Таа била пронајдена меѓу другите работи на Њутн во неговиот дом на колеџот Тринити, Кембриџ.
Нивното истражување исто така ги истакнува експериментите на Њутн со пивото, вклучително и проучувањето на ферментацијата.
Малку е познато колку пиво пиел Њутн, наводно, тој пиел умерено и секогаш со оброк.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
36мин
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5