Chris Jackson / AFP / Profimedia

Кралскиот готвач го откри тајниот пијалак на членовите на кралското семејство без кој тие не тргнуваат на пат

Дарен Мекгрејди поминал 11 години работејќи како готвач на кралицата Елизабета Втора, а неодамна за Дејли мејл откри без кој таен“ пијалак британската кралица не сакала да патува.

Кралицата, како и остатокот од нејзиното семејство, го обожавале тајниот“ напиток, кој бил флаширан за да можат да го носат со себе на патувањата.

Како што напоменува Дарен, тоа е освежителен пијалак од лимон кој готвачите го приготвуваат секој месец и го чуваат во рециклирани шишиња во фрижидер.

Една од состојките е природен лек за чистење на цревата: епсом сол.

Дарен Мекгрејди/Фото/принтскрин/Youtube

Како што откри Дерен, тоа е безалкохолен пијалак сличен на лимонадата, но малку покисел.

Дарен наведе дека сличен пијалак од лимон правиле Египќаните пред илјада години, а го популаризирале француските улични продавачи во 17 век пред да го најде патот до САД во 19 век.

– Кралското семејство патуваше низ целиот свет и го носеше овој освежителен пијалак од лимон во Сандрингам, Виндзор, Балморал, палатата Холируд, па дури и на кралската јахта Британија – откри Дерен

Освежителен пијалок од лимон

Состојки:

4 шолји шеќер

2 лажици епсом сол

1 лажичка лимонска киселина

3 лажички винска киселина

6 лимони, сокот и кората

5 шолји врела вода

Дополнителна вода за разредување

Подготовка:

Ставете го шеќерот, епсом солта, лимонската киселина, винската киселина, сокот од лимон и кората во сад и измешајте.

Ставете ја водата во тенџере, оставете ја да зоврие, потоа прелијте ја врз смесата што ја направивте и мешајте додека не се соедини.

Чувајте во фрижидер додека не се олади и истурете во шишиња со капаче. Чувајте во фрижидер.

За консумација, разредете 1/4 чаша освежителен лимонов пијалак со 2 чаши вода со мраз или по вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот