Фото: ABACA / Abaca Press / Profimedia

Кралот Чарлс конечно проговори за ракот со кој се бори: Рекол и кој го научил да не се плаши од смртта

Британскиот крал Чарлс Трети во своето најново обраќање, сподели длабоко лична порака за своето искуство со дијагнозата на ракот, опишувајќи го како едно од најстрашните искушенија во својот живот. Неговите зборови доаѓаат 15 месеци откако дознал за својата болест, а во нив јасно се чувствува неговата благодарност и силата што ја пронашол во борбата. Тој особено го нагласил влијанието што врз него го имала покојната дама Дебора Џејмс, чиј неверојатен дух, храброст и повик да живееме без жалење, каење, станаа вистински извор на инспирација за многумина. Кралот им порачал на сите што се соочуваат со слични предизвици да не ја губат верата и да ја зачуваат љубовта, надежта и храброста, дури и во најтемните моменти.

„Таа ги повика заболените да ‘пронајдат живот вреден за уживање, да преземат ризици, да сакаат длабоко, да немаат каење, и секогаш, секогаш да имаат бунтовна надеж’“, рекол кралот.

„Секоја дијагноза е застрашувачко искуство“

Кралот испрати силна порака до сите што се борат во оваа битка, а пред два некои од пациентите кои во моментот се борат со ракот се поканети во Бакингемската палата за да оддадат почит на извонредната работа на организациите за борба против ракот во заедницата.

Кралот, кој сè уште е на редовни третмани и како некој што живее со рак, истакнал дека неговото закрепнување се одвива во „многу позитивен правец“, што може да се види во неговиот густ национален и меѓународен распоред на обврски.

Во своето лично писмо, кралот им се заблагодарил на сите што им пружаат грижа, нега, утеха и сигурност на 390.000 луѓе кај кои секоја година во Велика Британија добиваат дијагноза на рак – повеќе од 1.000 дневно – како и на оние кои се вклучени во лекувањето на болеста, истражувањето лекови и собирањето средства за овие цели.

„Секоја дијагноза, секој нов случај, ќе биде застрашувачко и понекогаш страшно искуство за тие лица и нивните сакани“, напишал тој.

Личното искуство на кралот со болеста

Кралот Чарлс нагласил дека, како некој што е дел од статистиката, може да потврди дека болеста исто така може да биде и искуство кое остро го извлекува најдоброто од луѓето.

„Тоа секако ми даде уште подлабоко почитување кон извонредната работа на организациите и поединците што се собраа вечерва“, рекол кралот.

„И тоа го потврди она што отсекогаш го забележував во текот на моите посети – дека најтемните моменти од болеста можат да бидат осветлени со најголемо сочувство.“

Порака на сочувство и благодарност

Кралот додал: „Имате длабоко почитување и благодарност од моето семејство.“

На кралот Чарлс му беше дијагностициран рак во јануари минатата година, по рутинска операција за зголемена простата. Палатата потврди дека болеста не е поврзана со неговите проблеми со простатата, но не беше откриено точно за каков вид рак станува збор.

Улогата на дамата Дебора Џејмс како инспирација

Осврнувајќи се на покојната дама Дебора Џејмс, која стана симбол на борбата против ракот на дебелото црево, кралот изјавил: „Таа беше инспирација и можам само да ги повторам нејзините зборови, кои сите нас нè поттикнаа да бидеме храбри во болеста. Таа нè потсети дека животот мора да се живее, дури и во најтешките моменти.“

Кралот Чарлс и кралицата Камила пред два дена присуствувале на прием во Бакингемската палата, каде што заедно со претставниците на организации како што се „Мекмилан канцер супорт“ и „Брест канцер нау“, ја покажале својата посветеност на борбата против ракот и важноста на превентивните акции.

Поддршка на организациите во борбата против ракот

„До сите оние кои се занимаваат со истражување на нови методи на лекување, здравствените работници кои обезбедуваат специјализирана нега, волонтерите кои нудат утеха или собираат средства за поддршка, како и оние кои ја поттикнуваат свеста – имате најдлабоко почитување и благодарност од целото мое семејство“, порачал кралот.

Чарлс Трети истакнал дека е можно да се постигнат големи работи кога луѓето се обединуваат со заедничка цел и неверојатна решителност .

„Секоја дијагноза е различна, но заедно обезбедувате дека дијагнозата за рак никогаш не значи иднина без надеж и поддршка“, заклучил кралот Чарлс.

Поради тешката дијагноза, кралот Чарлс се откажал од омилената намирница: Ќе направи сè за да го уништи ракот

ФОТО | Кралот Чарлс е примен во болница поради несаканите ефекти од лекувањето на ракот

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот