Кралот Чарлс и Дејвид Бекам / Фото: Paul Grover/Daily Telegraph, PA Images / Alamy / Profimedia

Кралот Чарлс го изненадил Дејвид Бекам со посебен подарок за 50-тиот роденден, дури и проверил дали го добил

Пријателството меѓу британскиот монарх, кралот Чарлс Трети, и фудбалската легенда Дејвид Бекам доби нов поттик откако беше откриено дека кралската двојка испратила посебен подарок по повод 50-тиот роденден на Бекам.

Имено, за време на нивната средба на престижниот саем за цвеќиња во Лондон, кралот Чарлс и кралицата Камила топло го поздравија поранешниот англиски репрезентативец, кој неодамна го прослави својот јубилеј.

Бекам, кој неодамна стана амбасадор на Фондацијата на кралот, изрази искрена благодарност за подарокот што кралот и кралицата му го испратиле за неговиот 50-ти роденден.

„Ги добивте, нели?“ прашал кралот за подарокот за роденденот што го испратил.

„Беше неверојатно. Ви благодарам! Многу љубезно од ваша страна“, рекол видливо трогнатиот Бекам, на што кралицата Камила додала: „Мило ми е што ги добивте розите.“

Иако доаѓаат од сосема различни светови, кралот и поранешниот фудбалер се поврзани со заедничка страст за градинарство, а ова не е првпат Бекам да добие покана за дружење со кралското семејство. Всушност, тој и Викторија беа меѓу гостите на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл.

Посебно внимание на кралскиот пар привлече градината за кучиња, дизајнирана од познатиот градинар Монти Дон. Оваа уникатна градина, која ја одразува британската љубов кон кучињата, има патеки врежани со имињата на кралските миленици, вклучувајќи го кучето на Камила, Блубел, и новото кученце Моли, како и кучето на Чарлс, Снуф.

Други значајни посетители беа Џејмс Мидлтон, братот на принцезата од Велс, кој дојде со својата сопруга и нивните две миленици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот