
ФОТО | Кралици на класиката: Ова се дефинитивно најбараните чевли за есен 2023-та
Кога би можеле да ги избереме најидеалните обувки за есен, тоа дефинитивно би биле мокасините! Погодни се за секоја прилика, удобни се, изгледаат лежерно и одат со сè!
Препорачано

Мокасините се модна класика во која е паметно да се инвестира, а ние ви донесуваме едни од најубавите модели од актуелната понуда на хај-стрит продавниците, но и од познатите модни брендови.

Покрај тоа што се практични и удобни за одење, ги сакаме поради нивниот ефектен изглед кој може да ја подигне и наједноставната комбинација. Заедно со гломазната платформа која се носи со години, оваа есен ќе носиме и децентни и поелегантни модели.

Мокасините се омилените рамни чевли на трендсетерките и своевидна модна класика, а доколку инвестирате во еден пар, сигурно ќе го носите со години.

Есента е дефинитивно незамислива без мокасини. Трета сезона по ред, оваа тренди рамна обувка не го напушта тронот на најпопуларните.
Мокасините се удобни чевли кои со својата минималистичка разноврсност изгледаат добро со сè, фустани, панталони, здолништа.
Со својот класичен шарм, красат различни стајлинзи.

Мокасините се апсолутни владетели оваа есен, па повеќе од логично е трендсетерките да сакаат да ги комбинираат со модерни фустани, фармерки, кожени панталони. Изгледаат шик со секоја должина и се одличен начин на која било комбинација да додадете „полежерен“ тон. Можете да ги комбинирајте и со чорапи, бидејќи вака стилизирани ќе бидете во тренд оваа есен.
