Крајот за „дизелашите“ е се поблиску: Џенерал Моторс од 2035 ќе произведува само електрични возила

epa07058980 Visitors inspect a Tesla electric cars exhibited as part of the exhibition of Automak Formula Motors fair in new Cairo, Egypt, 30 September 2018. EPA-EFE/KHALED ELFIQI
Џенерал Моторс, една од најголемите автомобилски компании во светот, планира до 2035 година да запре со производство на коли на бензин и нафта и оттогаш да нуди целосно електричен асортимент. 

ЏМ е една од најголемите и традиционални произведувачи на автомобили, кои поставија рок да преминат кон производство на електрични возила, јави Волстрит журнал. Информацијата всушност е објавена денеска на социјалната мрежа Линкдин од Мери Бара, генерален директор на ЏМ.  

Повеќе држави како Јапонија, Велика Британија или Калифорнија, ветија да ги забранат бензинските и нафтени коли до 2035, но тоа досега не го сторила голема и меѓународна компанија како ЏМ. 

Ова е прилично радикална одлука на еден од најстарите автопроизводители, бидејќи во моментот 98 проценти од продажбите на компанијата се возила што користат јаглеводородни горива и испуштаат издувни гасови. ЏМ произведува големи пикап комбиња и теренски патнички возила со многу мала енергетска ефикасност, а кои што се со најголем удел во нејзините профити. 

Во ноември, компанијата соопшти дека до 2025 година ги зголемува инвестициите во хибридни возила со приклучок и технологии за развој на автономни коли до 27 милијарди долари, или повеќе од половина од вкупните капиталните инвестиции планирани за оваа петолетка. 

ЏМ исто така цели да запре со употреба на јаглеводородни енергенси до 2040 година, што значи елиминација на издувните гасови од сите свои производствени погони и активности како и елиминација на издувните гасови од возилата што ги изработува. 

-Сметаме дека со нашите огромни напори ќе ги охрабриме и другите да го сторат истото оставајќи значајно влијание на нашата индустрија и економија, истакна Бара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот