фото: EPA/DANIEL HAMBURY

Крај за Наоми Осака: Пављученкова триумфираше по пресврт на Вимблдон

Анастасија Пављученкова победи против Наоми Осака од Јапонија во третото коло на грен слем тенискиот турнир Вимблдон со резултат 2:1 (3:6, 6:4, 6:4).

Пављученкова дојде до триумфот по пресврт по два часа и шест минути игра.

Пављученкова спаси две брејк-топки при резултат 3:3, за да го добие вториот сет на ист начин како и првиот.

Јапонката сервираше за да остане во мечот на 5:4, а првата и единствена брејк-меч топка беше доволна за 50 тенисерка во светот да оствари голема победа.

Во следната рунда Пављученкова ќе игра против победничката од дуелот Диан Пери (Франција) – Сонај Картал (Велика Британија).

Во женска конкуренција денеска се одиграа и мечевите: Д. Гаифи (Унгарија) – А. Анисимова (САД) 3:6, 7:5, 3:6 и С. Сиера (Аргентина) – К. Букса (Шпанија) 7:5, 1:6, 6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!