Фото: Tim Krul/x

Крај на кариерата на Тим Крул

Одличниот голман Тим Крул официјално ја заврши својата професионална кариера.

Крул, кој остави голем печат во Њукасл, но и во репрезентацијата на Холандија, одлучи да ја заврши кариерата и повеќе нема да го гледаме како професионален фудбалер.

„Откако ги симнувам ракавиците по 20 неверојатни години како професионален фудбалер, сакам да одвојам момент и да се осврнам на моето патување. Од доаѓањето во Нјукасл на 17 години, до претставувањето на Холандија на меѓународната сцена. Навистина го живеев сонот што го имав како дете – секој меч, секој тренинг и секој успон и пад ме обликуваа во личноста што сум денес. Ви благодарам на клубовите, тренерите, соиграчите, мојата прекрасна фамилија, а најмногу на вас, навивачите, за поддршката низ целата кариера. Со нетрпение го очекувам следното поглавје и засекогаш ќе ги чувам спомените од теренот. На нови авантури надвор од теренот! Ви благодарам.“ – Тим Крул

Тим Крул со Норвич двапати ја освои Чемпионшип-лигата, со репрезентацијата на Холандија до 21 година го освои ЕП 2007 против Србија во финалето, а беше и дел од холандската репрезентација која ја освои третата позиција на Мундијалот 2014 во Бразил.

Тој бранеше за Њукасл, Фалкирк, Карлајл, Ајакс, Брајтон и Лутон.

Превземено од: https://sport.com.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот