Полиција Германија/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Крадци во Германија украле 16.000 четки за заби

Крадци упаднале во складиште за логистика во западна Германија и успеале да украдат 2.000 телевизори и 16.000 електрични четки за заби, соопшти полицијата. Непознати крадци успеале да побегнат од магацин во градот Дуизбург со сеф тежок повеќе од 100 килограми.

Се проценува дека пленот е вреден 1,4 милиони евра. Кражбата се случила минатиот викенд, но во вторникот била објавена во полициско соопштение.

Според полицијата, крадците упаднале во зградата преку прозорец. Најверојатно им требале неколку камиони за да ги однесат илјадниците украдени предмети. Полицијата во моментов ги анализира индициите на местото на злосторството и снимките од видео надзорот, а се надева и на помош од очевидци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот