фото: МИА

Ковид-19 во Тиквешијата: Две наставнички и 15 деца во изолација, рекордни 54 позитивни случаи

Две наставнички и 15 деца од училиште во кавадаречко се ставени во изолација, откако седумгодишен ученик добил позитивен резултат на ковид-19 тест, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој додаде дека изминатото деноноќие се регистрирани рекордни 54 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко.

– Од новозаболените лица, 40 се од Кавадарци, 13 од Неготино и едно од Демир Капија. Второодделенец е меѓу новите случаи, со себе во изолација стави и две наставнички, како и 15 деца. Извршена е дезинфекција во кавадаречкото училиште, нагласи Јовановски.

Додаде дека се работи на утврдување на нивните контакти, со цел да се изолираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот