Ковачевски: За вакво грозоморно дело следуваат највисоки казни

Димитар Ковачевски - премиер на РМ / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Премиерот Димитар Ковачевски го осуди двојното убиство на Вања и велешанецот Панче Жежовски кое што го нарече грозоморен чин и порача дека за вакво „грозоморно дело следуваат највиоски казни“.
Одговарајаќи на новинарски прашања по лидерската средба кажа дека криминалот има име и презиме и обврска на истражните и поравосудните органи да се справуваат со вакви криминалци.

– Ова е грозоморен чин, а МВР и Обвинителството на најпрофесионален начин успеаја да ги идентификуваат сторителите и тие ќе бидат изведени пред правдата. Како што кажав, за вакво грозоморно дело следуваат највисоки казни, изјави Ковачевски.

Според него, се потврдила професионалноста на истражните органи и на Обвинителство кои постапувале на овој случај без никакво влијание.

Тој уште додаде дека и МВР и Обвинителството објасниле дека се работи за изолиран случај на злосторници и криминалци кои треба најжестоко да бидат казнетои согласно македонското законодавство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот