Koвачев: Македонија не ги почитува правата на Бугарите – ги малтретира и омаловажува

Дебатата во Европскиот парламент за Предлог-регулативата за раст на Западен Балкан бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја искористи за обвинувања на сметка на Македонија и Србија за наводно непочитување на правата на Бугарите во двете земји.

„Во Северна Македонија не можете да добиете работа ако отворено го искажете својот бугарски идентитет. Тоа е реалноста. Ако дознаат за тоа ќе најдат причина да ве отпуштат, ќе ви го малтретираат семејството и ќе сте предмет на навреди и потсмев. Тоа е неприфатливо и не може да има членство во ЕУ се додека постои таа дискриминација, рече Ковачев, додавајќи дека овие наводи за притисоци врз Бугарите биле наведени и во најновиот Извештај за човековите права на Стејт департментот.

Според него, и во Србија имало системско и зачестено кршење на правата и ширење омраза кон бугарското малцинство во медиумите, во научните кругови и од одредени политичари.

„Србија и Северна Македонија не треба да се проценуваат само по она што го говорат, туку и по она што го прават. Не само по искористувањето на европските средства кои ги сакаат, туку и во почитувањето на европските вредности“, додаде Ковачев.

Гласањето за усвојување на Предлог-регулативата за создавање на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан е на дневниот ред на утрешното продолжение на сесијата на Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот