Костадиновска-Стојчевска: Односот кон Универзална сала е добар показател за тоа што значи власт на ВМРО-ДПМНЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура / Фото: „Слободен печат“

„Ако програмата Модерно Скопје значеше дека Универзална сала две години ќе стои непокриена, незаштитена и нереконстуирана, тогаш тоа е добра увертира во тоа што ќе понуди ВМРО-ДПМНЕ на следните избори“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската програма на „Слободен печат“ на Слободна ТВ.

Таа додаде дека Универзалната сала е под владение на Град Скопје, а одлуката донесена на седница на Советот на Град Скопје пред повеќе од два и пол месеци се уште не е реализирана.

„Немавме никаков сигнал од Град Скопје иако ургиравме неколку пати. Откако алармиравме во јавноста дека се уште Универзална сала е во Град Скопје, имаше одредени поместувања, но повторно имаше обид за забавување на процесот и нови барања кои отскокнуваа од одлуката донесена на Советот. И тогаш и сега инситирам да се почитува донесената одлука“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката објасни дека одлуката на Советот е да се пренесе реконструкцијата на Министерството за култура, со сите обврски.

„Се надевам дека Град Скопје ќе го прифати тоа што им го пративме, дека сакаме да се испочитува донесената одлука. Не сакаме варијанти со понудување на трета страна. Град Скопје ги има парите на наменска сметка, а го имаат и проектот. Има одлука на Советот и бараме таа одлука да биде испочитувана. Да не ги одолговлекуваме процесите, кои не би требало да бидат политички мотивирани и да зависат од предизборието“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Целото интервју на Соња Танеска погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот