Косовскиот амбасадор го посети Томор Морина во Шутка, еве ги деталите (ФОТО)

Фејсбук

Амбасадорот на Косово во Северна Македонија, Ѓерѓ Дедај го посети во затворот во Шутка, Томор Морина, кој беше уапсен по потерница на Србија. Веста за оваа посета Дедај ја објави преку Фејсбук, јавува Журнал.

– Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, дирекцијата на затворот Шутка во Скопје, за коректниот и пријателскиот третман што ни дозволи наша посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, приведен неодамна од властите на Северна Македонија, врз основа на меѓународна потерница за апсење на ИНТЕРПОЛ!. Томор е многу добро, мирен e. Се чувствува целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме дека многу скоро ќе се врати со неговото семејство и во Косово! – напишал Дедај.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот