Косовската дијаспора во 2023 година испратила над 1,2 милијарди евра во земјата

Приштина / фото: Јутјуб/принтскрин

Косовската дијаспора од 1 јануари до крајот на ноември 2023 година испратила во земјата милијарда и 217 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 10,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, објави Централната банка на Косово, пренесе дописникот на МИА од Приштина.

Според извештајот на ЦБК, вредноста на дознаките само во ноември годинава изнесува 101,3 милиони евра.

Најголемиот дел од дознаките се преку небанкарските финансиски институции, со учество од 65 отсто, потоа преку останатите канали со 19 отсто и банките со 16 отсто.

Во однос на средствата на осигурителните компании, ЦБК информира дека до ноември годинава нивната вредност била 300,6 милиони евра и бележи зголемување за околу 200 илјади евра во однос на октомври 2023-та.

Средствата на пензиските фондови во истиот период достигнале вредност од 2,65 милијарди евра, што бележи пораст од 54,3 милиони евра.

ЦБК објави и дека средствата на другите финансиски посредници на крајот на ноември се зголемени за 2,8 милиони евра во однос на претходниот месец, достигнувајќи вредност од 499,4 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот