Девојка во базен / Фото: Pexels

Кошмарот на секоја русокоса: Што да направите кога косата ќе позеленее по пливањето во базен

Косата ви осветлeла, но не на оној гламурозен летен начин? Ако сте забележале дека по пливањето во базен, вашите руси прамени добиваат зеленикава нијанса, не сте единствените.

Оваа појава е честa кај посветлата коса и е резултат на реакцијата на металите во водата, најчесто бакарот, со хемикалиите за дезинфекција.

Добрата вест е дека постојат домашни третмани кои можат да помогнат во отстранувањето на несаканиот пигмент, без драстични потези и стрижење.

Како доаѓа до позеленување на косата?

Зеленикавата нијанса не е директна последица од хлорот, туку од оксидираниот бакар што се наоѓа во водата и кој, под дејство на хлорот, полесно се врзува за површината на косата.

Кога косата ќе ја впие оваа комбинација, особено ако е посветла нијанса, резултатот е зелена боја.

Кутикулата на влакната, која често е отворена поради оштетување, дополнително придонесува за продирање на металот и пигментацијата.

Првата линија на одбрана е брзо миење по излегувањето од базенот

Наједноставниот, а често и најзаборавениот чекор е веднаш по излегувањето од базенот да ја измиете косата со благ шампон. Тоа ќе помогне да се измие хлорираната вода пред честичките на металот да имаат шанса да се врзат за влакното.

Дури и ако немате шампон при рака, доволно е само да ја исплакнете косата со обична вода – секој контакт со чиста вода е подобар од ништо.

Кечапот како природен регенератор

Можеби звучи чудно, но кечапот или доматниот сос можат да имаат ефект на благ тоник. Неговата киселост ја неутрализира зелената нијанса, додека витаминот Ц и водата од плодот помагаат во хидрирање и затворање на кутикулите.

Можете исто така да користите свежи, пасирани домати, измешани со сок од лимон, и да ги нанесете на влажна коса веднаш по пливањето.

Оставете го да дејствува 15 минути, а потоа измијте со благ шампон. Внимавајте на облеката, бидејќи доматите можат да остават дамки, па затоа се препорачува да ја завиткате косата во фолија или крпа во текот на третманот.

Сода бикарбона

Содата бикарбона е ефикасен, но абразивен сојузник. Измешајте ја со вода во густа паста и нанесете ја на влажна коса, насочувајќи се кон зелените површини.

Оставете ја да делува околу 10 минути, а потоа добро измијте ја. Содата бикарбона ефикасно ги отстранува наслагите од површината на косата, но дополнително може да ја исуши косата ако се користи често.

По третманот се препорачува задолжителна употреба на хранлив балзам.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот