Фото: Pexels

Кошмарите се поинтензивни кај луѓето со ниска толеранција на лактоза

Кошмарите се поинтензивни кај луѓе со ниска толеранција на лактоза. Ова го покажува нова студија за навиките за спиење и соништата објавена во списанието „Граници во психологијата“ (Frontiers in Psychology).

„Во претходната студија, луѓето често го обвинуваа сирењето за нивните лоши соништа. Мислам дека добивме некои добри одговори во оваа студија“, рече Торе Нилсен, професор по психијатрија на Универзитетот во Монтреал, кој е коавтор на обете студии, објави „Ен-би-си Њуз“.

Студијата опфати нешто повеќе од 1.000 учесници, а испитаниците со тешки гастроинтестинални симптоми поради нетолеранција на лактоза пријавија почести кошмари во период од неколку месеци со повисоки нивоа на анксиозност. Учесниците тврдеа дека млечните производи и слатките се најверојатните предизвикувачи на лоши соништа, а истражувачите веруваат дека постојат веродостојни објаснувања зошто оброк со сирење пред спиење може да доведе до лоши соништа.

– Симптомите на анксиозност што можат да ја придружуваат нетолеранцијата на лактоза можат да предизвикаат чести кошмари – рече Нилсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот