фото: kfsm.mk

Кошаркарската федерација ги повикува клубовите да не подлегнуваат на притисоците кои им се наметнати

Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, свесен за задкулисните игри на најразлични заинтересирани страни, сака да ги увери сите клубови-членови на Федерацијата дека нема да дозволи некој да се поигрува со начинот на работа на КФСМ и со целите на раководството со највисокото раководно тело на кошарката во Македонија.

– Клубовите кои се вознемирени од ситуацијата која се пласира и кои веќе нè контактираа за секојдневните притисоци со кои се соочуваат ги уверуваме уште еднаш дека ќе продолжиме да ја оправдуваме довербата која несебично ни ја даваат во текот на сиве овие години. Секој кој продолжува да го валка името на овој тим, поединечно или како целина, само докажува за својот личен карактер и зли намери. Редовната годишна седница на собранието, коешто Претседателот Перо Антиќ го закажа за 18. декември (среда), ќе помине во најдобар ред – објавија од федерацијата.

На седницата, како што впрочем е и предвидено секоја година на редовниот собир на членките на Федерацијата, ќе биде презентиран финансискиот извештај и извештајот за работа на Федерацијата.

Како и досега, тимот на Федерацијата продолжува да работи отчетно и транспарентно и нема да дозволи некој да се поигрува со својата (политичка) моќ и истата да ја злоупотребува.

– Спортот ќе го оставиме на спортистите, а ќе ја изоставиме политиката и влијанието од „надворешни сили“. Уште еднаш, ги повикуваме сите клубови да не подлегнуваат на притисоците кои им се наметнати – стои во објавата на федерацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот