Кошаркар на Партизан одби да игра против Косово поради навивачите

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарот на Партизан и репрезентативец на Азербејџан, Зек Ледеј одби да игра за репрезентацијата во натпреварот против Косово.

Со ваквиот потег Ледеј сака да ги испочитува навивачите на Партизан и сигурно ќе ги освои нивните симпатии уште повеќе. Неговото место во репрезентацијата на Азербејџан ќе го пополни кошаркарот на Монако, Донта Хол.

Инаку, Ледеј од неодамна е репрезентативец на Азербејџан и првиот натпревар го одигра против Швајцарија (72:53) во овој квалификациски прозорец. На тој натпревар Ледеј постигна 22 поени и додаде уште шест скока и три асистнеции.

Сезонава во дресот на Партизан во Евролигата е на просек од 9.5 поени и 4.2 скока по натпревар, додека во АБА лигата има 12.3 поени и 5.2 скока по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот