Кордалов: Граѓаните бараат решенија, а не блокада на Собранието

бојан кордалов
Бојан Кордалов, комуниколог/ Фото: Слободен печат

Губитници од нефункционирањето на Собранието се и власта и опозицијата, бидејќи граѓаните бараат квалитетни решенија од народните избраници, особено сега кога државата е во економска криза, вели за „Слободен печат“ Бојан Кордалов, комуниколог, специјалист за односи со јавноста.

-Се` е легитимно што пратениците во рамките на законското го прават во Собранието. Но треба да се потсетат дека нивниот легитимитет извира од граѓаните. Секогаш мора да се најде начин како Собранието да профункционира во интерес на граѓаните. Игрите не може да бидат бесконечни. Нема едната страна  е исправна, а другата греши. И двете се во право или и двете грешат.  За граѓаните во право се тие кои ќе понудат исправно решение. Тука граѓаните ќе го препознаат победникот оти на толку напластени проблеми во ваква економска криза во право можат да бидат само тие кои ќе понудат решенија. Конфликт да се направи е лесно, но често за негово надминување, во историјата сме гледале како наместо сами, ни помагала целата меѓународна заедница. Земја членка сме на НАТО, се бориме за брзо членство во ЕУ, мислам дека и политичките партии и елити треба да се однесуваат на овој начин- вели Кордалов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот