фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Конте има пет титули со три екипи во Италија: Поуспешни се само Алегри и Трапатони

Фудбалерите на Наполи се шампион на Италија по четврти пат, а големата заслуга му припаѓа на тренерот Антонио Конте, кој стана првиот тренер кој освои пет титули со три различни тима.

Кога ќе ја додадеме и онаа со англискиот Челси, има вкупно шест во неговата тренерска кариера.

После три последователни титули со Јувентус (2011/12, 13/12, 13/14), потоа една со Интер (2020/2021), тој се искачи на врвот и со клубот од Неапол.

На вечната листа на најуспешни тренери во Серија А, се израмни на третото место со Фабио Капело (четири титули со Милан, една со Рома) и Марчело Липи (со Јувентус) со по пет титули во најсилното италијанско првенство.

Повеќе од нив има Масимилијано Алегри, кој има шест со Милан (една) и Јувентус (пет), и сè уште недостижниот Џовани Трапатони со седум титули на клупата на Јувентус (шест) и Интер (една).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот