Фото: Општина Битола

Коњановски: Новиот генерален урбанистички план ќе го замени постоечкиот од 1999 година и ќе одговара на современите потреби на Битола

Општина Битола интензивно работи на изготвувањето на новиот генерален урбанистички план

Денеска, Архитектонскиот факултет ја одржа втората работилница за потребите за изготвување на студиите. На работилницата покрај експертските тимови, учествуваа засегнатите страни, чинителите и одлучувачите од локалната самоуправа.

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски нагласи дека очекува активна вклученост на сите релевантни фактори, во овој процес, кој ќе резултира со донесување на многу значаен и неопходен документ за Битола.

„Денес, како резултат на соработката со Архитектонскиот факултет, се одржа втората работилница на која беше презентиран процесот на изработка на студиите и стратегијата за Општина Битола, анализата на постоечката состојба и согледувањата за проблемите и можностите, за што секако од особена важност е и критичката анализа со цел подобрување на согледувањата и заклучоците од експертските тимови. Денес го дефинираме правецот на стратешкото делување во однос на предизвиците и можностите, како важни сегменти на живеењето во градот, градските функции, развојот на стопанството, индустријата и воопшто економскиот напредок. Органограмот на соработка во оваа фаза ги вклучува сите институции, јавни претпријатија, општинската администрација и секако битолските советници како претставници на граѓаните-рече на денешната работилница, градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Тој очекува активна соработка и вклученост од сите со цел успешно завршување на отпочнатиот процес до донесување на новиот генерален урбанистички план, кој ќе го замени постоечкиот од 1999 година и ќе одговара на современите потреби на Битола.

На денешната работилница, беа претставени седум влезни студии, кои влегуваат во изработката на Генералниот урбанистички план за Општина Битола, изработени од Архитектонски Факултет-Скопје, преку проектот БАИР-„Здружена акција на Битола за вклучување на Роми”.

Ова е еден од чекорите кон креирање на нов Генерален урбанистички план за Општина Битола, како клучен документ за одржлив развој на градот, паметно домување и подобрување на квалитетот на живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот