Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Конечно решена мистеријата за човечката вилица пронајдена на брегот во Тајван пред повеќе од 20 години

Научниците конечно, по повеќе од 20 години, го утврдија видот на мистериозната фосилизирана вилица пронајдена на брегот на Тајван. Научниците утврдиле таа припаѓала на група древни луѓе, наречени Денисовани, човечки вид близок до хомосапиенсот.

Откритието е објавено во списанието „Саенс“ (Science), а е резултат на макотрпна работа, извлекување на антички протеини од фосили, пишува „Нејчр“ (Nature).

Вилицата ја извлекле рибари

„Многу сум возбудена што го гледам ова“, изјави за „Нејчр“ Џенет Келсо, компјутерски биолог од Институтот за еволутивна антропологија Макс Планк во Лајпциг.

Долната вилица со 4 непроменети заби го добила името „Пенгу 1“ (Pengu 1) бидејќи рибарите ја извлекле од каналот Пенгу, околу 25 километри западно од брегот на Тајван. Таа беше донирана на Националниот музеј за природна историја на Тајван, откако истражувачите го препознаа неговото значење и дека е вилица на припадник на антички човечки вид. Сепак, идентитетот на видот беше енигма до сега.

Mysterious human fossil found in Taiwan was a Denisovan
->Nature | More info from EcoSearch

[image or embed]

— Climate, Ecology, War and More by Dr. Glen Barry (@bigearthdata.bsky.social) 11 April 2025 at 00:29

Истражувачите потрошиле повеќе од две години усовршувајќи ја техниката за извлекување антички протеини од животински коски. Тие користеле киселина за да изолираат фрагменти од површината на забот за да можат да извлечат ензими од вилицата.

Единствената секвенца на генот откриена во вилицата на фосилот, одговорна за идентификацијата, е присутна кај 20 проценти од денешното население на Филипините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот