
Конечно откриено името на тринаесеттото дете на Илон Маск
Ешли Сент Клер, жената која тврди дека го родила тринаесеттото дете на Илон Маск, упати низа сериозни обвинувања против милијардерот, коментирајќи ги неговите родителски способности, а конечно го откри името на нивниот син, кое со месеци се чувало во тајност. Во официјалните документи неговото име било наведено само со иницијалите „RSC“, а сега е откриено дека детето го добило името Ромулус.
Препорачано
View this post on Instagram
Ешли неодамна поднела барање за старателство и побарала од Маск да се согласи на тест за татковство откако нивната врска ескалирала и откако таа тврдела дека го продала својот автомобил Тесла за да го надомести „намалувањето на Маск за издршка од 60 отсто“. Таа сподели и бројни приватни разговори со него и го критикуваше што не дошол да се договори за родителските обврски.
“Не знам дали детето е мое или не, но не сум против тоа да се дознае. Не ми треба судски налог. Иако не сум сигурен, на Ешли и дадов 2,5 милиони долари и ѝ испраќам 500.000 долари годишно”, напишал Елон Маск на Икс по нејзините тврдења.
„Илон, те замоливме да го потврдиш татковството со тест уште пред да се роди нашето дете. Но, во реалноста ти само го казнуваш својот син“, му рекла таа.
За потсетување, според Ешли, нејзината романтична врска со Маск започнала околу мај 2023 година, а интимната средба се случила во јануари минатата година, кога детето било зачнато. Детето наводно е родено во септември 2024 година. По раѓањето, Сент Клер му испратила на Маск фотографија со новороденчето, а тој наводно одговорил: „Со нетрпение очекувам да те видам со него овој викенд“.