
Конечно е познато кога можеме да го очекуваме новиот филм за Џејмс Бонд
Продукцијата на следниот филм за Џејмс Бонд брзо напредува откако Амазон ја презеде креативната контрола врз популарната филмска франшиза со инвестиција од една милијарда долари.
Препорачано
Според последните информации, Бонд би требало да пристигне во кината до крајот на 2027 година и да има буџет од околу 250 милиони фунти, што е приближно колку што чинеше последниот филм со Даниел Крег – „No Time to Die“.
Минатиот месец беше објавено дека Амазон МГМ ја презеде целосната креативна контрола на франшизата за Бонд, откако склучи договори со долгогодишните продуценти Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи. Иако тие ќе останат косопственици, креативната контрола врз сите идни продукции ќе биде пренесена на Амазон, што предизвика загриженост кај фановите.
„Шефовите на Бонд веќе предложија големи заплети и идеи. Тимовите за пишување се собираат со надеж дека ќе ја вратат инвестицијата што е можно поскоро“, изјави извор за The Sun.
Потрагата по нов Бонд кој ќе го замени Крег се интензивираше во последните недели, а меѓу кандидатите се Арон Тејлор-Џонсон, Харис Дикинсон и Џејмс Нортон.
Патем, кога тој филм ќе се појави во кината, ќе го израмни рекордот за најдолго време на чекање на нов филм за Бонд откако Шон Конери првпат го глумеше англискиот шпион во „Dr. No“ од 1962 година. Претходниот рекорд го држеше „Golden Eye“, кое пристигна во 1995 година – шест години откако Тимоти Далтон се појави во „Licence to Kill“.