
Конечна одлука: Санчо останува во Борусија Дортмунд!
Откако Манчестер јунајтед ја пропушти шансата летово да ги обезбеди услугите на Џејдон Санчо, уште една потврда дека играчот нема да реализира трансфер на „Олд Трафорд“, потврди и спортскиот директор на „милионерите“, Михаел Цорк.
Препорачано
Воедно уште една вест ја изненади јавноста, а тоа е дека Санчо дека нема да потпише нов договор со Борусија, откако тоа веќе го направил во текот на минатата сезона.
Според „Билд“, англискиот репрезентативец добил подобра плата и подобар договор до јуни 2023 година.
"Last summer we adjusted Jadon's salary to match the development of his performances. So in context, we had already extended his contract until 2023 back then." pic.twitter.com/m2emQ4pedg
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) August 10, 2020
– Џејдон Санчо е во нашите планови за новата сезона и тоа е конечната одлука и со тоа ги даде сите одговори. Минатата сезона ги подобривме пплатите во склоп со неговите игри и напредокот, па во тој контекст, веќе е продолжен договорот до 2023 година – рече Цорк, а пренесува и клупскиот сајт на германскиот клуб.
Како што и веќе е објавено, Јунајтед и натаму е активен на трансфер пазарот, се шпекулира дека ја следи ситуацијата со крилниот играч на Јувентус, Даглас Кошта, а според италијанските медиуми нова желба на норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер е Федерико Киеза кој Фиорентина го вреднува од 60-70 милиони евра.