Комората на сметководители бара намалување на даночната стапка за услугите

Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги зашто во спротивно ќе нема кој да книжи и да поднесува завршни сметки, велат од Комората на сметокводители при Сојузот на стопански комори (ССК).

Комората денеска на прес – конференција детално ќе го образложи ова барање, но и, како што најавува, ќе ги соопшти останатите проблеми со кои се соочува фелата поради нефункционалниот систем.

Кохезијата на сите чинители е многу битно за непречено функционирање на даночниот систем, смета Комората. Дополнува и дека од голема важност е и деблокадата на работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители со цел унапредување на професијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот