Комисиска седница за амандманите за Предлог-деловникот на Собранието

Собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска треба да одржи седница на која на дневен ред е амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието.

Почетокот на расправата во петокот беше одложен за понеделник, поради дополнителни усогласувања и консултации со подносителите на амандамните, изјави во петокот за МИА претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов.

Минов посочи дека седницата е презакажана за в понеделник во 14 часот.

За Предлог-деловникот се поднесени околу 2000 амандамни, најмногу од Левица, а амандмани имаат поднесено и пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и дел се од предлагачот, претседателот на Собранието Талат Џафери.

Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа уште вчера, а за нив се разговара и во текот на денешниот ден.

Најмногу од амандманите околу 1.850 се поднесени од Левица, но нема информација зошто се поднесени во толкав број и што бараат пратениците од оваа партија. Клучни се оние, како што неофицијално велат тие, за филибастерингот.

Претседателот на Собранието Џафери во четвртокот на брифинг со новинарите изрази очекување новиот Деловник да биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот