Комеморација за Навални ќе се одржи до крајот на неделата

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

Јавното збогување со рускиот опозиционер Алекс Навални, кој почина во затворската колонија на 16 февруари, ќе се одржи на крајот на оваа работна недела, односно пред 1 март. Информацијата произлегува од пораките на портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

„Бараме сала за јавно збогување на Алексеј. Време: крајот на оваа работна недела. Доколку имате соодветни простории, контактирајте нѐ“, напиша Јармиш на социјалната мрежа „Икс“.

Телото на Алексеј Навални и беше предадено на неговата мајка Људмила Навални деветтиот ден по смртта на политичарот, на 24 февруари. Руските власти претходно одбија да го предадат телото, повикувајќи се на тековната истрага.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот