Фото: Eastbayecho

Комарците почнаа да напаѓаат: Со овие билки ќе ги избркате и ќе го решите проблемот

Правењето скара со пријателите во градината, уживањето со семејството во дворот во топлите летни вечери, гледањето во бескрајното ѕвездено небо од терасата во текот на една мирна и ведра вечер може да го расипе само една работа, а тоа се комарците.

Доколку сакате во текот на престојните летни вечери да уживате во својата градина или на балконот, а одморањето да не ви го прекинуваат неподносливите комарци, ова се неколку едноставни и природни трикови кои ќе ви помогнат да се заштитите од нив.

Еве како билките може да ви помогнат да го решите овој проблем:

Рузмарин, лимон, каранфилче

Ако сакате да уживате во најубавите часови во летото, а притоа да не ве вознемируваат здодевните инсекти, свртете се кон решенијата од природата. На жар јаглен додека ја печете скарата уфрлете гранче рузмарин за да ги избркате комарците од вашата забава, а како додаток на масата ставете парче лимон пресечен на половина и во него боцнете еден каранфил. Ќе изгледа убаво и ќе шири освежувачки мирис кој никако не им се допаѓа на инсектите. Во близина на вашата тераса или во жардиниерите посадете билки кои ќе ви бидат ефикасни сојузници против ситните крвопијци.

Маточина

Маточината е вистинска легенда меѓу билките кои ги бркаат мувите. Етеричното масло кое го содржи шири освежувачки мирис, а одлично се покажало и во борбата против непријатните летечки инсекти. Доколку предоцна сте изреагирале, и ве каснал комарец, маточината ќе ви помогне. Наберете еден свеж лист и на местото на убодот исцедете го сокот и оставете го да се исуши. Чешањето ќе престане за неколку секунди.

Лаванда

Оваа благородна билка не само што ѝ дава медитерански шарм на вашата тераса туку со својот мирис квалитетно се бори против здодевните мушички и комарци, па затоа рузмаринот мора да се најде во вашето опкружување. Етеричното масло од лаванда е единствено етерично масло кое на кожата може да се нанесе во неразреден облик. Интензивната арома што ја шири не им годи на инсектите.

Темјаника

Ако сакате егозотични билки и притоа сете љубител на модерните висечки кошнички за цвеќиња, вашиот избор во борбата против инсектите може да биде темјаниката. Нејзините етерични масла ќе се погржат инсектите да ве заобиколат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот