Колку ќе чинат славите во Србија оваа година?

unsplash
Фото Архива

Започна сезоната на прослави, а со нив и грижите на домаќините како да се подготват, бидејќи трошењето за празнична трпеза отсекогаш било трошок. Годинава тоа е вистински товар на буџетот на домаќинството, бидејќи нема храна што не поскапела.

Колку чини славата оваа година?

Иако треба да се слави во кругот на семејството, најчесто има многу повеќе гости, а со тоа се зголемуваат и трошоците, анализира Дневник рс.

Годинава за празничниот ручек дефинитивно ќе бидат потребни минимум 40.000 динари (односно 350 евра). Во споредба со лани, поскапе и месото, а бидејќи нема слава без свинско или јагнешко месо, печењето е најголемата ставка. Но, пред да стигнете до главното јадење, треба да подготвите чорба или супа, да ја обезбедите салатата, да купите леб, салфети, ориз за сармата и ред други работи, што само ги зголемува трошоците.

Во фурните килограм подготвено свиско чини 5 евра, но тоа е моменталната цена, печењето чини над 20 евра, а ако ви го исечат месото во фурната, треба да платите дополнителни 12 евра!

Килограм свежо заклано јагне во фурните чини околу 8 евра, а трошоците за печење и сечење се исти како и за прасињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот