Колку чини десетгодишното одржување на автомобилите „Бугати“?

Само осигурувањето на најновата верзија на Бугати – Широн Супер Спорт е 1 милион евра, а ако го изгубите клучот, тоа ќе ве чини – 12.400 евра. Бугати Широн е еден од најпознатите и најскапите спортски автомобили во светот, па малкумина можат да си дозволат овој суперавтомобил.

Па дури и да имате пари и да дојдете на ред да поседувате, откако ќе ги исчеткате и ќе ставите неколку илјади километри зад воланот, ве очекуваат астрономски трошоци. Бугати Широн чини најмалку 2,6 милиони евра пред оданочување. Горната граница е отворена во зависност од опремата или верзијата и цената може да надмине 5 милиони евра.

Но, тоа не е се. Ако на пример сте го регистрирале суперавтомобилот во Бугарија и чини околу 3 милиони евра, само целосното осигурување за една година ќе биде околу 150-180 илјади евра. Тоа значи дека сумата во гарантен рок од 4 години ќе ја надмине сумата од половина милион евра, истражува „24Часа“.бг.

Основата за пресметка на цената за одржување на суперавтомобилот доаѓа од информациите на Бугати Голд Кост, официјалниот дилер во Чикаго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот