Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Колинс ја изненади Рибакина и го освои турнирот во Мајами

Американката Даниеле Колинс успеа да го освои трофњјот на турнирот во Мајами откако во финалето со 2:0 во сетови беше подобра од Елена Рибакина (7:5, 6:3).

Првиот сет беше одлучен со брејк во 12. гем, тогаш Колинс го нападна сервисот на противничката и ја искористи третата брејк-топка за водство од 7:5.

Голема битка двете тенисерки водеа и во вториот, меѓутоа Колинс успеа да дојде до два брејка и го доби сетот со 6:3 за победа над фаворитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот