
Која е сопругата на Килијан Марфи? Ѕвездата на „Oppenheimer“ 20 години ја сака таинствената Ивон
Да се биде најголема ѕвезда од серијалот „Peaky Blinders“ и филмот „Oppenheimer“ е голем притисок за актерот, кој секако влијае на секоја сфера од животот. Исто како и многу негови колеги, Килијан Марфи одлучил да го задржи приватниот живот само за себе, а како ги поминува деновите со семејството е прашање кое деновиве ги интересира многумина.
Препорачано
Ѕвездите како Мет Дејмон и Рајан Гослинг одлучија да го држат својот приватен живот само за себе и да ги држат своите семејства подалеку од љубопитната јавност која е заинтересирана да дознае сè за нив. Уште кога се појави во серијата „Peaky Blinders“ во улогата на впечатливиот Томи Шелби, многумина се интересираа за животот на Килијан Марфи, а улогата во филмот „Oppenheimer“ секако придонесе за воодушевувањето што владее околу овој уметник.
„Внимавам да не одам од работа на работа, затоа што тоа значи да живееш во балон – сет, хотел, сет, хотел, авион, филмски фестивали – што за мене не е реалност“, рекол во една прилика актерот, откривајќи дека многу му значи неговиот приватен живот во кој главниот збор го има сопругата Ивон Мекгинис.

Актерот рекол дека неговата сопруга е негова најголема поддршка, но деталите за нејзината личност решил да ги задржи за себе.
Како и Марфи, и Мекгинис е од Ирска, а се запознале во текот на деведесеттите, кои биле клучни години за формирањето на овој актер. Студирала на Технолошкиот институт Корк и магистрирала на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон.
„Тоа време, создавањето на ‘Disco Pigs’, беше некако најважниот период во мојот живот. Луѓето што ги запознав таму останаа мои најблиски пријатели… Тие ме обликуваа во смисла на мојот вкус, во однос на тоа што сакав да правам со мојот живот. А тоа беше приближно во исто време кога ја запознав мојата сопруга. Таа дојде со нас на турнеја. Беше толку возбудливо, пред 20 години. Сите бевме само деца, се обидувавме да го пронајдеме својот пат“, коментирал Килијан Марфи за периодот на снимањето на ирскиот филм.

Марфи и Мекгинис се венчале во 2004 година, наводно на лозјето на нејзиниот татко во Прованса, а една година подоцна го добиле нивниот прв син, Малахи, а во 2007 година роден е и Аран.
Најпрво живееле во Лондон, но потоа решиле да ги одгледуваат децата во Даблин, за да бидат блиску до семејството и бабите и дедовците.
„Сакавме да бидат Ирци, претпоставувам“, коментирал актерот кој своевремено зборуваше и за предизвиците на воспитувањето на своите синови од позиција на популарна личност:
„Имам неверојатна сопруга и не би можел да го направам ова без неа и нејзиното разбирање. Но, тоа е борба. Мислам дека е борба за секој татко што работата го носи надвор од дома.“
„Barbie“ руши рекорди: Заработи 155 милиони долари, двојно повеќе од 80-те милиони на „Oppenheimer“
Филмот што сите го чекаат: Килијан Марфи јадел по еден бадем дневно за да биде поубедлив Опенхајмер
Филмот што сите го чекаат: Килијан Марфи јадел по еден бадем дневно за да биде поубедлив Опенхајмер