Фото: Јутјуб/Принтскрин

Патот до среќата: Кејти Бајрон вели дека стресот е аларм, а љубовта е живот

Според Кејти Бајрон, сè започнува од нашите мисли, но постои едноставен начин да се постигне среќа. Кејти пред 28 години развила метод за самопомош кој го нарекла „Работа“ и го открила патот до среќата.

Оваа американска мотивациона говорничка некогаш работела како агент за недвижности, мајка на три деца, а потоа, во моменти на депресија, незадоволство и гнев, сфатила важна животна лекција – дека сите страдања и добри работи во животот започнуваат од нашите мисли и верувања.

Денес луѓето ширум светот ги користат нејзините методи за личен развој и позитивна трансформација.

Со нејзината работа таа инспирираше многумина да тргнат по животен пат каде главната мисија е да ги исчистат мислите од негативноста и да веруваат во добрина и позитивност.

Нејзината мисла, со која многу луѓе се поистоветуваат е:

„Ние страдаме од верувањето дека нешто ни недостасува во животот. Во реалноста, секогаш имаме сè  што ни треба. Кога ќе сфатите дека добивате сè  што ви треба, животот станува рај“.

Ова се некои од најдобрите цитати на Кејти Бајрон кои можат да ве инспирираат:

Понекогаш да се биде среќен значи да се прават грешки.

Кога верувате дека некој или нешто друго ви го предизвикува проблемот, вие станувате своја жртва.

Кога се плашиме од нешто што би можело да се случи во иднина, веќе го доживуваме она што не сакаме да го видиме таму.

Животот е љубов, драги мои. Се друго е измислена конфузија.

Што и да мислите за другите луѓе, тоа сте всушност вие.

Она во што моментално верувате го создава вашето страдање или вашата среќа.

Стресот е аларм кој ви кажува дека сте приврзани за нешто што не е вистина.

Се плашиме само од она што не го разбираме.

Разочарување, лутина, тага – овие чувства ви кажуваат дека е време да се разбудите.

Дали сакате да ја запознаете љубовта на вашиот живот? Погледни се во огледало.

Единствената врска што е важна е вашата врска со себе. Кога се сакате себеси, ја сакате и личноста со која сте.

Нашето страдање трае само додека не сфатиме дека всушност ништо не знаеме.

Дали сакате да ја дознаете тајната на среќата? – Добро и благодарам. Ништо друго не е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот