Кои улици ќе бидат затворени за сообраќај поради самитот на ОБСЕ

Фото: Слободен печат, Елизабета Бејкова

Неколку сообраќајници во Скопје од денес ќе бидат затворени поради Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“.

Според соопштението на МВР, затворен за сообраќај ќе биде булеварот „Илинден“ од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кај Владата сè до крстосницата со улица „Љубљанска“ кај ТЦ „Сити мол“.

Овие два дена сообраќај нема да е можен ниту по булеварот „8 Септември“ на потегот од крстосницата со улица „Скупи“  до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.

„МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

Поради изменетиот режим на сообраќај, со изменет режим од вообичаениот ќе функционира и јавниот превоз во Скопје. Денес, автобусите ќе возат вообичаено, согласно важечкиот зимски возен ред, а во четврток ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дел од линиите ќе се движат по изменети траси.

„Почнувајќи од денес,  од 13 часот, па сè до завршување на Министерскиот совет на ОБСЕ в четврток (30 ноевмри), линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118 ќе сообраќаат по изменети траси“, информираат од ЈСП.

Линиите 8 и 15А наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Автобусите со број 7, 15, 19, 26, 29 и 59 наместо на крајните терминали во населбите Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ каде што продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“.

Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Линиите 18, 21А и 118 од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит-пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (кај Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта.

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје на 29-ти ноември, 30-ти ноември и 1-ви декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно.

Здравствените установи ќе работат без прекин за време на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

НБРСМ информираше дека банките ќе си работат нормално и не се очекува прекин на клучните работни процеси.

Царинската управа на Македонија соопшти дека за време на одржувањето на Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ нема да работат скопските царински испостави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот