
Кога светски стручњак како Кедев кажува нешто, тука мора да има заднина, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека мора да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени од кардиохирургот Сашко Кедев, дека во дел од приватните болници во земјава се правеле кардиохируршки иинтеревенции без медицински основани причини.
Препорачано
Кога еден светски стручњак тоа го кажува, тука мора да има заднина и мора да ја откриеме таа заднина, рече Мицкоски.
По денешната посета на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски рече дека ќе има одговорност за секој што се богател на грбот на граѓаните посебно во здравството.
„Моето мислење за академикот Сашко Кедев и неговите констатации се би рекол врвна индикација за да се преземе нешто веднаш и да се открие што е правено и дали е правено. Така што нема да оставиме ништо на случајноста, секој оној којшто се богател на грбот на граѓаните посебно во здравството и на здравјето на граѓаните ќе има одговорност“, изјави Мицкоски.
Министерот за здравство, Азир Алиу пред два дена во телевизиско гостување рече дека нема да се даваат делумни информации за она што ќе го утврдат комисиите за кардиолошките случаи, туку ќе се излезе со конечен извештај откако целосно ќе заврши експертизата. Тој тогаш информира и дека осум предмети се завршени, а дека уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство.
Алиу рече оти очекува да бидат доставени и други случаи од институции и граѓани.
Алиу: Комисијата ги разгледала првите осум пријави за сомнителни кардиохируршки интервенции