Profimedia

Кога Кејт Мидлтон ќе стане кралица, дали и нејзините родители ќе добијат титули?

Мајкл и Керол Мидлтон не се аристократи, но нивната ќерка еден ден ќе стане кралица на Обединетото Кралство. Поточно, нејзината титула ќе биде „кралица-сопруга“, а многумина се прашуваат дали и нејзините родители ќе добијат титули.

Иако кралот Чарлс моментално е во добра здравствена состојба, странските медиуми неодамна објавија дека протоколот за неговото испраќање е веќе одреден. Традицијата и политичкиот протокол на Обединетото Кралство налагаат веднаш по смртта на монархот, неговиот прв наследник да дојде на престолот, што значи дека сценариото за почетокот на владеењето на принцот Вилијам е веќе осмислено.

Кога Вилијам ќе стане крал, Кејт Мидлтон ќе ја добие титулата кралица-сопруга и ќе биде позната како кралица Кетрин.

Таа нема да има владетелска титула или број до нејзиното име бидејќи само суверените ја добиваат, а не и нивните сопружници. Ако таа случајно го надживее Вилијам и нивниот син стане крал, тогаш таа ќе биде кралица-мајка.

Какви улоги ќе добијат нејзините родители?

Многумина се прашуваа дали родителите на Кејт Мидлтон, Мајкл и Керол, исто така ќе добијат некои титули откако принцот Вилијам ќе застане на тронот.

За разлика од многу кралски сопружници од минатото, принцезата Кејт не е родена во аристократско семејство. Дури откако го запознала Вилијам на Универзитетот Сент Ендрус во Шкотска, таа и нејзиното семејство, вклучувајќи ја сестрата Пипа и братот Џејмс, се нашле во центарот на вниманието.

И покрај тоа што влегле во потесниот круг на кралското семејство, Керол и Мајкл веројатно нема да добијат кралски титули бидејќи тие се резервирани само за оние што ќе се омажат со член од кралското семејство или се родени во семејството.

Исто така, војводствата и другите благороднички титули се пренесуваат на помладите членови на семејството или се доделуваат од страна на владејачкиот монарх.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот