Kоалиција AA-А: Нови закони за децентрализација за нови полемики?

Заедничка прес-конференција на Зијадин Села и Африм Гаши / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Алијанса на Албанците и Алтернатива кројат уште два нови закони за децентрализација и рамномерен регионален развој, кои можат да предизвикаат дебата и контроверзи во јавноста, дознава „Слободен печат“ од високи извори во двете опозициски партии.

– Станува збор за предлог Закон за реална функционалнa децентрализација, затоа што сметаме дека Македонија е најцентрализирана земја во Европа, и за Предлог-закон за рамномерен регионален развој, кој ќе биде подобар од овој кој е донесен во Собранието – вели изворот за „Слободен печат“.

На прашање за оваа тема кординаторот на пратеничката група на коалицијата Алијанса и Алтернативна Скендер Реџепи не ги демантира информациите, туку наведува дека во моментов се фокусирани на предлог-законот за државјанство.

–  Во моментов се концентрираме на нацрт-законот за државјанство и на политичките проблеми што се јавуваат со блокирање на овој закон од страна на владата и македонската опозицијата. Додека, за други активности во Собранието во врска со нашите иницијативи за други законски измени, навремено ќе ве информираме – изјави Реџепи за „Слободен печат“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот