Фото: EPA-EFE/IDA GULDBAEK ARENTSEN DENMARK OUT

Клуге: До крајот на август делта сојот ќе стане доминантен во Европа

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге предупреди дека до крајот на август делта сојот може да стане доминантен на стариот континент. 

„По 11 недели пад на бројките, во Европа повторно имаме нов раст на заболени поради делта варијантата, која до крајот на август ќе стане доминантна, но за разлика од лани, сега имаме вакцинирано население и прилика да се избегне повторното носење на рестрикции во земјите“ изјави Клуге по посетата во љубљанскиот центар за вакцинирање против Ковид-19. 

Тој апелираше кон граѓаните да се вакцинираат што е можно побрзо, за да може на тој начин да се избегнат непосакуваните карантини и затварања.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот