Фото: ФФМ

Клубови им продавале на деца донирана опрема, ФФМ реагираше

Фудбалската федерација на Македонија преку своите официјални канали информираше дека опремата која децата треба да ја добијат во клубовите мора да биде бесплатна.

Од федерацијата објаснуваат и дека ваквата реакција доаѓа по добиени информации дека одредени клубови се обиделе истата да ја продаваат и на тој начин да заработат.

„Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА! Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата. Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ“,  стои во објавата.

Исто така ФФМ потсетува и на објавата во која информираат за донацијата кон клубовите кога на почетокот на месесецов била обезбедена опрема за 1.848 деца.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот