Клековски: Прв чекор на ВМРО-ДПМНЕ е демократизација на земјата

Фото: ТВ24/принтскрин

Во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, во однос на залагањето на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица, рече дека првичните чекори на партијата имаат за цел да ја демократизираат земјата, што е поврзано со потребата од промена на политичкиот систем.

„Првичните чекори се во насока на демократизацијата на земјата. Потребна е промена на политичкиот систем, бидејќи ние имаме целосно окупиран политички простор од мали елити на малку политички партии“, посочи Клековски.

Тој додаде дека првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ е промена на изборниот законик. За него тоа би значело суштинско проширување на легитимитетот бидејќи ние во моментов имаме малкумина легитимни политичари.

Според Клековски, клучниот период сега ќе биде внатрепартиската политика како ќе се менува и како ќе се менува политичкиот систем. Бидејќи ваквиот систем до сега покажа дека не води кон конфликт.

„Долгорочниот интерес на државата и општеството е зголемена легитимност на Собранието. Секое решение има добри и лоши страни. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ се залага за една изборна единица, Алијанса за осум изборни единици, ДУИ за три изборни единици и затоа потребно е дијалог“, заклучи Клековски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот