Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Ќе добиваат ли граѓаните казни ако немаат нова возачка дозвола? МВР молчи

Заклучно 31 декември годинава, граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи со новото уставно име треба тоа да го направат, бидејќи веќе од 1 јануари истите ќе бидат неважечки. Како што информираат од МВР за „Слободен печат“, остануваат уште околу 200 илјади граѓани кои треба да ги сменат возачките дозволи.

Иако „Слободен печат“ праша во МВР дали од Нова година полициските службеници ќе казнуваат доколку возачите не поседуваат возачка дозвола со новото уставно име, одговор не добивме. Сепак членот 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидува парична казна од 100 евра за секој оној кој ќе нема возачка дозвола со Северна Македонија.

„Согласно член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка кои е должен да ги покаже на барање на полициски службеник. Ако нема важечка дозвола, ќе треба да плати казна од 100 евра во денарска противвредност“.

Тошковски ги повикува возачите: Извадете дозволи со новото уставно име

Како што изјави „првиот полицаец“ Панче Тошковски, Министерството за внатрешни работи набавило опрема, односно нова машина за печатење на лични документи со која што, како што вели, „тројно ќе се зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на документи“.

„Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој… Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот најави дека на дневна основа може да се произведуваат околу 12.000 возачки дозволи, а од МВР се спремни за помалку од 20 дена да ги издадат сите возачки дозволи доколку граѓаните поднесат барање.

Собранието во февруари годинава, едногласно ,,по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ продолжија да важат до 31 декември годинава.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тошковски за „Слободен Печат“: Еден судија сега има 35 судења дневно, со „Сејф сити“ ќе има 3.000

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот