Фото: Слободен печат

Ќе бидат ли протерани Албанците без ДУИ од Македонија и знаеме ли да ја користиме нашата азбука? Утре во „Слободен печат“

Ќе бидат ли протерани Албанците без ДУИ од Македонија? Аналитичарот Љуљзим Фаризи во утринската емисија „Слободен печат“ говори за штетниот тренд на Али Ахмети, кој на Албанците во Македонија им говори дека без ДУИ тие ќе бидат протерани.

Дали можеме да ја зачуваме македонската кирилица во дигиталниот свет? Зошто се прават фатални грешки со букви кои не се наши, а се користат на реклами, ги употребуваат институции за официјални објави?Дали немаме можност или не знаеме како да ја користиме македонската кирилица? Најпосветениот типограф Ласко Џуровски е наш гостин во утринската програма на „Слободен печат“.

Снежна белина ја обви Македонија. Каква беше реакцијата на граѓаните за снегот и дали оваа година одвоиле буџет кој ќе го искористат за зимување во некој од македонските или регионалните ски-центри? „Слободен печат“ праша, а граѓаните одговорија.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот