Фото: Профимедиа

Кисели пиперки со лук по рецепт стар 50 години: Не се готват, а готови се за миг

Ви откриваме рецепт за кисели пиперки со лук, стар 50 години. Овој традиционален рецепт за пиперки со лук ќе ве врати во времето на старите домашни кујни. Сочните пиперки маринирани во мешавина од оцет, шеќер и зачини се одличен додаток на секој оброк, а идеални се и за зимница. Приготвувањето е едноставно, а резултатот се вкусни, ароматични пиперки што можете да ги чувате со месеци.

Состојки:

– 4 кг исчистени пиперки
– 80 г сол
– 60 мл масло
– 80 г шеќер
– 180 мл оцет од 9 отсто
– 700 мл вода
– 2 г конзерванс (по желба)
– 1 главица лук

Подготовка:

Измијте ги пиперките, отстранете ги семките и преполовете ги. Распоредете ги во поголем лонец.
Во посебен сад измешајте сол, масло, шеќер, оцет, вода и конзерванс. Прелејте ги пиперките со оваа мешавина. Покријте ги и оставете ги да отстојат до утредента, повремено промешувајте.
Следниот ден, распоредете ги пиперките во тегли. Ставете слој пиперки, па магдонос, па лук и така додека ги потрошите сите пиперки.
На крај, прелејте ги со течноста во која стоеле пиперките. Затворете ги теглите и чувајте ги на ладно место.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот